Далгона бисквитот од хит серијата го полуде светот: Се прави од само 2 состојки, ова е рецептот

13 октомври, 2021
dalgona-keks-1-830x0

Омилената јужнокорејска посластица ја врати својата популарност од 70 -тите и 80 -тите години

Серијата „Squid game“ на Нетфликс стана најгледаната серија на оваа платформа, а ја гледаа дури 111 милиони домаќинства.

За оние кои не ја гледале, ова е корејска серија, а дејството се случува во затворен простор каде живеат стотици луѓе и сите имаат иста цел – пари.

За да го освојат, играчите мора да играат шест детски игри кои се направени така да бидат опасни по живот.

Меѓу нив има игри што сите ги игравме како деца, на пример, влечење јаже, но она што остави најголем впечаток кај сите, дефинитивно е играта со Далгона бисквитот.

Имено, на секој играч му беше доделено колаче во кое беше врежана одредена форма, која мораше целосно да ја извади со помош на чепкалка за заби или игла.

Ова колаче традиционално се нарекува далгона, што значи „слатко е“, а потребни ви се само две состојки – шеќер и сода бикарбона.

Во тава ставете две лажици шеќер, потоа мешајте додека шеќерот не карамелизира, а потоа додадете половина лажичка сода бикарбона. Кога шеќерот и содата ќе запенат, тргнете ја тавата од оган и истурете ја смесата на плех обложен со хартија за печење.

Притиснете ја смесата со тежок предмет, потоа втиснете ја саканата форма и почекајте да се стврдне, а потоа играта може да започне…

escort - Korsan taksi