Здраво, лесно и вкусно: Ароматичен карфиол печен во рерна!

7 јануари, 2021
dreamstime-s-146867981

Ова јадење е одличен избор по празнично прејадување кога нашиот дигестивен систем е желен за одмор. Ако ви се допаѓа вкусот на месото, можете да ставите исптжени ленти сланина.

Состојки:

  • карфиол
  • 300 мл грчки или цврст јогурт
  • сок од еден лимон
  • лажичка мелен лук
  • лажичка кари
  • лажичка масло
  • половина лажичка бибер
  • 2 лажички сол

Подготовка:

Извадете ги лисјата од карфиолот и варете го кратко на пареа или во солена вода, за да омекне малку. Потоа сето тоа потопете го во маринадата што претходно сте ја подготвиле од јогурт, сок од лимон, ким, лук и зачини.

Ставете го на подмачкан плех и печете на 200 степени околу 30 до 40 минути, додека не порумени и добие крцкава кора. Кога ќе заврши, извадете го од рерна, оставете го десетина минути и послужете го со зелена салата.

Ако ви е тешко да го подготвите целиот карфиол, исечете го на помали парчиња, натопете го во маринадата и наредете го на пртвата. Во тој случај, печете малку пократко.

Исто така, ако сте љубител на месо, печениот карфиол можете да го посипете на крај со пржени ленти сланина и да ја прелиете маснотијата што останува по пржењето во тавата.

escort - Korsan taksi