СОВРШЕН ЛЕТЕН РУЧЕК: Пробајте ги овие сочни и вкусни плескавици од компири и рузмарин (РЕЦЕПТ)

19 мај, 2021
171185_profimedia0384253774_ls

Лесно летно јадење, кое лесно се подготвува, а неговиот вкус е незаборавен.

Состојки:

400 гр компири

сол

2 гранчиња рузмарин

60 гр суви домати

12 гр свеж квасец (или 1 лажичка сув квасец)

1/2 лажичка шеќер или мед

300 гр пченично брашно, тип 550, плус малку брашно за работната површина

приближно 40-60 мл маслиново масло

околу 250 мл кисела павлака во која сте додале пиперчиња

Подготовка:

1. Измијте ги компирите и сварете ги во солена врела вода, па исцедете ги, изладете ги, излупете ги и изгмечете ги со вилушка.

2. Искинете ги лисјата од рузмарин од гранчиња и исечкајте ги. Доматот ситно исечкајте го на коцки.

3. Измешајте 170 мл млака вода со квасец и шеќер и оставете го да стои покриено 10 минути на топло место. Потоа замесете заедно со брашно, рузмарин и лажичка сол околу 10 минути, за да се формира компактно тесто. На крај, кратко промешајте ги пасираните компири и сецканите домати.

4. Покријте го тестото и оставете го да стаса уште 30 минути, а потоа формирајте осум рамни плескавици од смесата на набрашнета работна површина и оставете ги да стасаат уште 15 минути. Подмачкајте ги плескавиците со маслиново масло и испечете ги на скара (алтернативно во тава за скара) на средна топлина 5-6 минути од двете страни.

5. Послужете со сос од кисела павлака и салата. Зелена, на пример, или салата од домати.

escort - Korsan taksi