ВКУСНА И ЛЕКОВИТА КРЕМ ЧОРБА: Полна со витамини, го зајакнува телото и имунитетот!

1 септември, 2021
183207_shutterstock-341331938_ls (1)

Крем супа од морков е лесно да се подготви. Има прекрасен вкус, и по една чинија, ќе имате доволно енергија за цел ден.

За оваа супа (за четири лица) ќе ви требаат следниве состојки:

500 гр свеж морков
1 кромид
2 коцки путер
1 лажица брашно
1 чаша кисела павлака
зачини по желба: свеж магдонос, сол, бибер, зеленчук, …

Подготовка:

Морковот добро измијте го и исечкајте го на најситните делови. Пржете го кромидот во путер во длабока тава, додадете лажица брашно и полека мешајте со литар топла вода, мешајќи постојано.

Потоа додадете моркови и зачини по желба и варете околу 40 минути на тивок оган, мешајќи повремено. Кога ќе се свари супата, додадете кисела павлака и добро промешајте додека павлаката не се растопи.

Ако ви остануваат поголеми парчиња морков, промешајте ја супата со миксер неколку минути, додека не стане кремаста.

Послужете ја супата додека е топла, бидејќи не се препорачува загревање поради киселата павлака.

escort - Korsan taksi