Адел ослабе 45 килограми, па откри дека вежба ТРИ пати дневно: Еве зошто на експертите не им се допаѓа ОВА

9 октомври, 2021
adel

Експертите тврдат дека прекумерното вежбање не е добро за телото

– Кога би вежбала, не би ме фаќала анксиозност. Всушност, никогаш не стануваше збор за слабеењето. Сакав да бидам физички силна, бидејќи на тој начин ќе ги зајакнам емоциите и умот – изјави Адел (33) во големото интервју за Вог.

Бројни експерти веруваат дека тоа е нормално, но многумина се загрижени поради тоа што пејачката вежба два до три пати на ден во последните три години, без прекин.

-Ако имаме здрав начин на тренинг, тоа е добра работа. Но, мора да му дозволиме на телото да се одмори, да заздрави, инаку ќе имаме долгорочни последици – изјави медицинскиот експерт Џон Вајт.

– Салата стана мојот дом и моето време – изјави Адел за „Вог“, додавајќи дека не користела никаква специјална диета, туку ригорозен распоред на кардио вежби и вежби за сила.

На нејзино барање, личниот тренер Грег Миел го зголемил интензитетот на вежбите на уште повисоко ниво, и покрај фактот дека пејачката со години има големи проблеми со грбот.

– Премногу вежбање може да ја „убие“ волјата за нив. Тоа ќе стане работа, а не забава. Неопходно е да се вежбаат умот и телото истовремено, а не само една ставка – се согласуваат експертите.

escort - Korsan taksi