Адвокатот на таткото на Бритни: „Тој не е негативец во оваа приказна, тој ѝ го спаси животот“

25 февруари, 2021
fc6dee30-547b-4279-bdf8-30f37e60ecb2

Вивиан Торин, адвокатот на Џејми Спирс, која исто така се појавува во новиот документарец за животот на пејачката, вели дека таткото Џејми бил тој што го спасил животот на Бритни Спирс.

„Разбирам дека секоја приказна мора да има главен негативец, но луѓето сфатија сѐ погрешно во овој случај“, рече таа за „Good Morning America“.

„Ова е приказна за грижлив, посветен и лојален татко кој ја спаси својата ќерка од опасна по живот ситуација. Луѓето ја повредија и ја искористија. Џејми ѝ го спаси животот”, додаде таа.

Адвокатите на Џејми тврдат дека за време на преземањето на старателството над Бритни, нејзиното богатство се проценувало на 2,8 милиони долари во 2008 година, а тие го вратиле на речиси 60 милиони долари до 2019 година, во соработка со Бритни.

Минатата година, правниот тим на Бритни Спирс тврдеше дека таа се плаши од нејзиниот татко и дека нема да ја продолжи кариерата се додека не биде надвор од неговата контрола, напиша ВВС Во ноември минатата година, судот одби да го прекине старателството над неговата ќерка и го продолжи до септември оваа година.

Новинарите, исто така, ја прашаа Торин зошто Бритни не зборуваше јавно за целата драма за притвор. „Ќе морате тоа да ја прашате неа“, кратко одговори адвокатката.

escort - Korsan taksi