АНЏЕЛИНА ЏОЛИ ИСКРЕНО ПРИЗНА: Ја запоставив кариерата заради разводот од Бред Пит

10 мај, 2021
2534987_andjelinadzoli_ls

Холивудската актерка Анџелина Џоли на промоцијата на нејзиниот нов филм „Оние кои ме сакаат мртва“ одговори на прашањето на новинарите, кои сакаа да знаат зошто во последните години не била на филмското платно, ниту се занимавала со режија.

„Тешката семејна ситуација ме спречи да го сторам тоа“ – кратко одговори Џоли, осврнувајќи се на разводот со актерот Бред Пит и борбата за старателство.

Инаку, актерката прави сѐ за нејзините наследници, близнаците Нокс и Вивијан, Шајло, Захра, Пакс и Медокс, да поминат низ најтешкиот период на најбезболен начин, па поголемиот дел од времето го поминува дома и се грижи за нив.

Anđelina Džoli

„Никогаш не се замислував како мајка во традиционална смисла. Чувствувам дека ми недостасуваат сите вештини за тоа и дека не сум добра, но се снаоѓам. Моите деца се прилично флексибилни, издржливи, лесно се прилагодуваат и ми помагаат. Сакам што пораснаа, па сега можам да седам со нив цела ноќ и да разговарам“ – заврши актерката, која е во лоши односи со поранешниот сопруг и се бори со него околу старателството над децата. Таа исто така го обвини за семејно насилство, што тој го негира.

escort - Korsan taksi