Анџелина повторно фотографирана пред зградата на бившиот маж: Излегла наутро, уморна и со подочници!

19 јуни, 2021
angelina-jolie-830x0

Холивудската актерка Анџелина Џоли и нејзиниот поранешен сопруг Џони Ли Милер, наводно, повторно се поврзуваат повеќе од две децении по разводот.

Имено, sвездата на филмот Малефисент наводно ја „оживува врската“ со нејзиниот поранешен сопруг, за кого се омажи во 1996 година. Во неколку наврати беше видена како ја посетува куќата на Милер во Бруклин, што предизвика гласини за помирување, а сега е повторно фотографирана пред неговата зграда.

Анџелина излезе од зградата наутро и иако го покри лицето со епидемиолошка маска, нејзините очи покажаа дека е уморна.

Според изворот, актерката веќе го запознала Милер со своите две деца.

„Првата вечер со Џони, Анџелина го зеде само Нокс и одлично се согласија. Нокс е убаво дете и претпоставувам дека решила дека е најлесно да започне да се запознава со него“ – рекол изворот.

Инсајдер за американските медиуми изјави дека Џоли се вратила во станот на Милер со Пакс само еден ден откако Нокс се сретнал со актерот, така што тинејџерот може да се сретне со „момчето за кое секогаш толку убаво зборуваше“.

„Кратко се дружеа во станот на Џони, но се чинеше дека добро се сложуваат“ – додаде изворот.

Сепак, изворот не потврди дали средбата меѓу двајцата била во романтична смисла.

„Енџи е многу среќна затоа што Пакс често споменува дека наскоро ќе се пресели во Њујорк, можеби дури и заради училиште. Драго е што ќе има некој на кој може да му верува во големиот град и кому може да му се обрати за совет или само да се види со пријател“ – заклучил изворот.

Поранешните сопружници се запознаа на снимањето на филмот „Хакери“ во 1995 година и брзо се заљубија, а Анџелина тогаш имаше само дваесет години.

Нивната венчавка се смета за една од најневообичаените во историјата на Холивуд, бидејќи актерката се појави облечена во црни кожни панталони и бела маица со името на Џони напишано на сопствената крв, наместо во венчаница.

Двојката се раздели во 1997 година, наводно, поради зафатен деловен распоред, а во 1999 година, тие официјално го завршија разводот, но останаа во пријателски односи.

Анџелина никогаш не го криеше жалењето што не успеаја да го спасат бракот.

„Џони и јас никогаш не се скаравме и никогаш не се повредивме. Јас навистина сакав да бидам негова сопруга, навистина сакав да му се посветам“ – изјави таа за „Калгари Сан“.

escort - Korsan taksi