БАРАЛЕ ДА ГИ ЗГОЛЕМИ ГРАДИТЕ И ДА ГО РАЗУБАВИ ЛИЦЕТО: Пријанка Чопра откри што требало да стори за да биде холивудска дива

3 јули, 2021
314903_profimedia0486247756_ff

Актерката била изненадена, откако го напуштила состанокот.

Шармантната актерка Пријанка Чопра, на изненадување на многубројната публика, откри со што се соочила на почетокот на нејзината кариера, кога режисерот ја запрепастил со коментари за нејзиниот физички изглед.

“По неколку минути разговор, режисерот ми нареди да станам и малку да се свртам за него. И јас го сторив тоа. Тој долго и силно ме загледа, оценувајќи ме, а потоа ми предложи да ги зголемам градите, да го поправам лицето и да додадам малку волумен во задникот. Тој рече дека познава одличен лекар во Лос Анџелес, каде што ќе ме испрати“. – истакна актерката и додаде:

“Ја напуштив неговата канцеларија со згрозеност. Дали беше во право? Дали навистина нема да можам да бидам успешна ако не го коригирам сопственото тело? Долго се прашував дали сум дури и способна за оваа работа, за глума. Се сомневав во себе затоа што изгледав поинаку., И во моите очи одеднаш станав толку мала, безначајна“. – напиша актерката.

Prijanka Čopra

Во едно интервју, неодамна изјави дека со текот на времето, бројните критики станале сосема вообичаени за неа.

“Никогаш немав храброст да застанам зад себеси. Ми рекоа: – Не биди досадна, ти си нова во индустријата, не сакаш да имаш репутација на девојка што предизвикува проблеми, не сакаш да бидеш позната како една од оние со кои не е лесно да се работи. И јас “паднав” на тоа, иако се сметам за напредна и паметна. Со текот на времето, научив да се поставувам поинаку, но тогаш бев преплашена“.

escort - Korsan taksi