Бебето на Бриџит Џоунс: Рене Зелвегер конечно со малечко!

7 јули, 2021
2912fed421d5f0f7bc08f28889a6213d782cf083

Тешко дека би ја препознале Рене Зелвегер ако ја сретневте на улица. Оваа актерка честопати шета низ округот Оринџ потполно слободно, а бидејќи носи тренерки, маица, капа и маска – ретко кој може да ја препознае Бриџит Џонс во неа.

Само што беше снимена на улица со момчето Ант Анстед (42) и неговиот двегодишен син Хадсон. Кој е Ант Анстед? Ѕвезда на ријалити шоу, и тој беше оженет со Кристина, која е попозната како декоратор, бидејќи таа кариерата ја започна со сопругот Тарек.

Рене Зелвегер (52) нема деца, а минатата година, кога актерката зачекори во шестата деценија, медиумите го објавија нејзиното старо интервју во кое таа објасни зошто нема деца. Имено, по 2016 година и филмот „Бебето на Бриџит Џонс“, сите помислија дека актерката ќе стане мајка и во приватниот живот.

„Бременоста никогаш не била моја амбиција“, рече на кратко Рене.

Зелвегер, сепак, успеа да воспостави блиски односи со синот на Анстед. Таа го прегрнува и носи Хадсон, а малото изгледа целосно среќно.

Мајката на малиот Хадсон, русокосата Кристина Хак Муса (37) има уште две деца од првиот брак со Тарек, со кого повторно започна да ја снима серијата.

Ант Анстед поминува многу време со својот син, а ѕвездата на „Jerry Maguire“ се облекува како обичните луѓе и тешко е да се препознае на улица. Сепак, во еден момент Ант излезе од теретана, а Рене дојде со малото дете, па заедно влегоа во „мустангот“, кој папараците не го пропуштија.

Рене Зелвегер и Ант Анстед се во врска веќе неколку месеци, а оваа врска не е причина за неговиот брз развод со Кристина.

escort - Korsan taksi