Бен Афлек со безброј комплименти за Џеј Ло: „Како е можно да изгледаш исто како во 2003?“

8 април, 2021
lololo-canva

Американскиот актер Бен Афлек (48) раскина со актерката Ана де Армас (32) во јануари, а во неодамнешното интервју ја коментираше неговата поранешна свршеница Џенифер Лопез (51).

Бен имаше само пофални зборови за Џенифер, коментирајќи дека таа е една од „највредните луѓе што некогаш ги сретнал“ и го пофали нејзиниот талент за пеење и глума.

„Апсолутно бев воодушевен што таа беше посветена на работа ден за ден, со сериозноста со која работеше и тивкиот и посветен стил на постигнување на своите цели“, рече Афлек.

Бен и Џенифер се запознаа во 2001 година на снимањето на филмот „Gigli“ и беа верени две години. Откако раскина со пејачката, Бен се ожени со актерката Џенифер Гарнер (48) со која има три деца, а тие се разведоа во 2018 година.

24sata

Џенифер беше мажена за Марк Ентони (52), со кого имаше близнаци, и покрај разводот во 2013 година, тие се уште се добри пријатели.

Денес е свршена со поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез (45). И покрај шпекулациите дека раскинале, парот ги негира ваквите тврдења.

Тие признаваат дека минуваат низ криза, но дека работат на нивната врска.

24sata

Покрај работната етика, Бен ја пофали нејзината фигура во интервју за списанието InStyle, прашувајќи ја:

„Каде е изворот на твојата младост и како е можно да изгледаш исто како во 2003 година, додека јас, во најдобар случај, изгледам како да сум во четириесеттите години“ – рече тој.

Џенифер не му должеше ништо.

„Бен е смешен. Тој сè уште изгледа прилично добро “, рече таа.

24sata
escort - Korsan taksi