Безвремена убавина: Маја Гроздановска – Панчева се препушти во рацете на Сергеј Варошлија, а резултатот воодушеви многумина (фото)

21 мај, 2021
маја

Таа важи за една од најубавите Македонки, а и една меѓу најзгодните пејачки на македонското естрадно небо.

Маја Гроздановска –Панчева иако одамна не е активна со својта музичка кариера, никогаш не ја оставила музиката, настапите во Кафе 9-ка и секако во Македонската опера и балет.

Музиката е нејзиниот живот, но со текот на годините се поретко ја гледаме и е присутна во медиумите, освен кога почесто има можаност да се појави заедно со нејзиниот сопруг, познатата фудбалска легенда Дарко Панчев.

Овој месец мај, Маја ќе слави роденден и длабоко ќе навлезе во петтата животна деценија, но на таква жена, со таков изглед, тешко кој би и ги дал годините што ги има.

Маја не така често е активна на социјалните мрежи, но понекогаш знае да се пофали со своите две прекрасни ќерки Надица и Марија.

Овој пат вниманието го насочи на себе… Имено, Маја сподели фотографии каде е во друштво на стилистот и нејзин долгогодишен пријател Сергеј Варошлија во чии раце се препуштила за шминка и фризура.

Нејзината кристална и безвремеснска убавина воодушеви многумина, па собра безброј ласкави коментари од следбениците и пријателите.

Описот на фотографиите беше дека се подготвува за снимање, со што очигледно наскоро ќе ја видиме во некој видео формат.

Поздрави имаше и за Сергеј кој откако заврши неговиот телевизиски ангажман поратко го има во јавност, но кога е неговата примарна работа во прашање, очигледно не се откажал бидејќи има доста дами кои безрезервно му веруваат на креативноста и вештините.

Преземено од vistina.com.mk

escort - Korsan taksi