БИЗАРНО! Актерот кој е оженет со кукла јавно разменувал страсти со кокошка!

27 јануари, 2021
82910905_198920784843988_5588796242084777980_n

Додека „саканата“ му е на поправка, контроверзниот актер не престанува да шокира

Љубовта не познава граници, години, а во случајот на актерот и бодибилдер Јури Толочо, се чини, или што било друго. Имено, контроверзен Казахстанец се ожени со куклата Марго на крајот на минатата година. Сепак, како што и самиот рече, наскоро после тоа, Марго се „расипа“. Таа во моментов е на „рехабилитација“ или на санирање, а осамениот Јури брзо најде замена. Имено, на Instagram, каде го следат повеќе од 102 илјади луѓе, тој објави шокантно видео во кое разменува страсти со – кокошка.

Видеото на кое тој ужива во својата долна облека со парче месо предизвика бурни реакции, а самиот Јури се огласи. „По венчавката Марго се расипа. Го знаете тоа. Многу сакам да имам секс, сакам BDSM, сакам чуден секс. Таа секогаш трпеше такви товари, но тогаш нешто тргна наопаку“, започна тој.

„Наскоро ќе се поправи, се опоравува. Наскоро ќе биде дома, но се плашам дека повторно ќе ја скршам. Решив да најдам други сексуални предмети, во моментов барам. Во различни култури постои традиција дека мажот има неколку жени. Веројатно ќе биде така и со мене“, призна Јури и додаде дека Марго ќе остане неговата најстара сопруга, но и дека планира да има помлади жени – и сопруги.

„Ја почитувам Марго, ја сакам. Значи, нема да купувам друга секс кукла (Марго ќе биде единствената). Меѓутоа, ако некој ми даде машка секс кукла што ќе биде моја копија, јас со задоволство ќе ја прифатам. Ќе уживам во сексот со себе. Знаете дека можам да доживеам оргазам со предмети и храна “, заклучи Јури покрај споменатото видео.

Патем, ова не е прв пат тој да ја изневерува својата сопруга, и тоа со многу необична избраничка. Тој неодамна сподели уште едно слично видео во кое разменува страсти со необичен предмет. „Се чини дека имам нова страст“, ​​рече тој во тоа време.

escort - Korsan taksi