„Боже, што направи со себе? Јавното обраќање на Лепа Брена предизвика вистинска мала ВОЈНА на социјалните мрежи (ВИДЕО)

5 април, 2021
bd2f459142caa4613c8c806b902fa6be455a2453

Реши да ги задоволи обожавателите

Како и многу пејачи, кои поради короната мораа да ги одложат сите планови, обврски и настапи, една од нив беше и Лепа Брена. Имајќи предвид дека ситуацијата полека се смирува во споредба со минатата година и има некои промени во работата, Брена реши да ги преземе работите во свои раце и да ги израдува следбенициte со нови песни.

На социјалната мрежа Инстаграм таа објави нешто неочекувано и ново.

– По една година пауза, правиме нешто ново, свежо и поразлично. И покрај тоа што веќе ги знаете тие песни, ќе ги слушнете за прв пат во нов дух. Дали знаете за што станува збор? – напиша Лепа Брена.

Сепак, самата најава не предизвика толку внимание како изгледот на популарната пејачка. Многумина го критикуваа изгледот на Брена, додека други со сето срце ја бранеа.

– Боже, што направи од себе! На што личиш?! За што ви се потребни тие пластични операции? – беше еден негативен коментар на еден од следбениците.

– Зар жената нема право да остари? Таа не е баба од соседството, туку мега sвезда, и тука има минимум шминка, ако воопшто има – се спротивстави обожавател на пејачката.

Пресудете сами…

escort - Korsan taksi