Бритни не е само во канџите на нејзиниот татко: Се крена „врева“ и поради жената која ги контролира нејзините одлуки и здравјето

2 јули, 2021
britney-spears-2-830x0

Играта на вина за старателството над Бритни Спирс само се вжештува …

Имено, еден од старателите на пејачката, Џоди Монтгомери, ги негира тврдењата на таткото на Бритни, Џејми Спирс, дека се обидела да спречи Бритни да се омажи или да роди бебе, вели нејзиниот адвокат.

Имено, Лориен Рајт за „ Page Six “ изјави:

– Старателството никогаш не влијаело на изборот на Бритни да се омажи и да основа семејство, додека г-ѓа Монтгомери беше старател на таа личност.

– Недвосмислено можам да кажам дека Џоди Монтгомери беше неуморен поборник за благосостојбата на Бритни. Иако не ги контролира финансиите на Бритни, таа е одговорна за нејзината лична грижа, а доколку Бритни сака кое било прашање да биде изнесено на суд, г-ѓа Монтгомери отсекогаш била подготвена, желна и способна да го стори тоа – додаде адвокатот.

Рајт додаде дека од Монтгомери, како лиценциран приватен професионален старател, според законот се бара да се придржува до етичкиот кодекс „за разлика од членовите на семејството кои се и нејзини старатели“.

– Од самиот почеток, г-ѓа Монтгомери и медицинскиот тим што ги составија имаа една примарна цел – да ѝ помогнат и да ја охрабрат Бритни на патот по кој веќе не ѝ  треба старателство – додаде адвокатот.

Таа рече дека сите трошоци поврзани со Бритни најпрво треба да ги одобри нејзиниот татко Џејми Спирс.

„Практично гледано, бидејќи сето тоа чини пари, ниеден трошок не може да се случи без одобрување на г. Спирс“, рече таа.

„Г-ѓа Монтгомери се залагаше во име на Бритни за сите трошоци што ги побара Бритни, како и за трошоците препорачани од медицинскиот тим на Бритни“, додаде Лорејн.

На сослушувањето на 23 јуни, Бритни истакна дека Монтгомери понекогаш одела „предалеку“ во методите на старателство.

Рајт потврди дека имало одредени „компликации“ поради пандемијата КОВИД-19 во 2020 година.

– Мандатот на Џоди како старател на Бритни започна во септември 2019 година и беше комплициран од пандемијата КОВИД-19. Бритни е личност која има зголемен ризик од сериозни болести поради постојните услови. Донесен е познат епидемиолог во медицинскиот тим и се следеле советите на лекарот за Бритни секогаш да биде безбедна од изложеност на вирусот – адвокатот објасни зошто Џоди ја чувала Бритни во „домашен притвор“, според фановите.

Бритни изгуби на суд, останувајќи пос старателство

Како што објавија светските медиуми утрово, Бритни Спирс не е слободна жена и по 13 години, откако судијката Бренда Пени го одби барањето на пејачката да го отстрани нејзиниот татко Џејми Спирс како старател, неколку дена откако пејачката јавно побара ослободување.

Имено, судијата, кој го водеше случајот пред Високиот суд во Лос Анџелес, во средата потпиша нова пресуда со која продолжува да му дава на таткото на пејачката Џејми Спирс контрола над нејзиниот живот.

Дополнителни детали за тоа зошто донела таква одлука, сè уште не се објавени, иако наскоро се очекува да биде поднесена нова петиција за ослободување на Бритни Спирс.

На 23 јуни оваа година, 39-годишната пејачка се најде во насловните страници низ целиот свет, откако конечно проговори по цели две години и побара да ги преземе контролите над своите финансии и живот од нејзиниот татко Џејми Спирс, кој има старателство над неа и ги носи сите важни одлуки во нејзиниот живот.

Нејзиниот адвокат Сем Ингам се очекува да поднесе барање за отстранување на функцијата старателство на Џејми, а судијката Пени рече дека ќе остави простор во дневникот за сослушување каде старателството може да биде прекинато, но овој пат тоа не се случи.

escort - Korsan taksi