Бритни објави фотографии каде треба да биде провокативна, но нa луѓето им e – навистина тажнa

1 април, 2021
britney-spears-2-830x0

“Тука навистина нема црвенa боја, пријателке”, “Се надевам дека си добро. Остани безбедна, те сакаме”, “Те слушаме и гледаме”, “Се обидувам да ги разберам знаците”, ” Twisted Elegance е одличен наслов за нов албум“, „Кралице не си сама“, загрижени обожаватели напишаа под новите слики на Бритни

Американската пејачка и поранешна „поп принцеза“ Бритни Спирс (39) објави нови фотографии и видеа во црно боди и остави многумина во чудо со своето однесување.

Имено, една од најпопуларните пејачки од почетокот на 2000-тите години нема контрола над нејзиниот живот цели 13 години, а нејзината состојба сè повеќе ги загрижува обожавателите.

Пејачката постави нови објави на Инстаграм и се чини дека најави нов проект наречен „RED“. Сè уште не е познато дали станува збор за нов сингл, музички албум или за нешто друго …

Бритни во новите видеа се витка и игра, а нејзиниот изглед, шминка и фризура се многу чудни и неуредни.

– Немам кармин … Ни руменило … Ниту пудра, бидејќи брзав … Но, ја разбирате идејата хаха. ЦРВЕНА – објави Бритни.

– Извртена елеганција … Јас сум „ЦРВЕНА“ – напиша Бритни, а нејзиното момче Сем Ашгари остави три емотикони во форма на срце под фотографијата.

Бројни обожаватели ја коментираа објавата:

“Тука навистина нема црвена боја, пријателке”, “Многу тажно …”, “Се надевам дека си добро. Остани безбедна, те сакаме”, “Те слушаме и те гледаме”, “Се обидувам да ги разберам знаците “, „ Twisted Elegance би бил одличен наслов за новиот албум, „Кралице не се сама“, напишаа загрижени обожаватели, погледнете ги новите фотографии во галеријата подолу.

escort - Korsan taksi