Дали знаете дека ОВИЕ холивудски sвезди сакале да се откажат од актерството?

3 септември, 2021
063f7ce005056e2179e25da1197d1842ada12855

Не им било лесно на многу актери во Холивуд да ја добијат својата прва улога.

Денес, тие се едни од најпознатите актери во Светот, а нивниот пат до самиот врв не бил лесен. Повеќето од нив многу се намачиле да ја добијат првата улога, а некои од нив сакале да се откажат од актерството уште на самиот почеток.

Бредли Купер

Купер ја имаше својата деби улога во филмот „Влажно, жешко американско лето“ во 2001 година, а потоа глумеше во ТВ серијата „Алијас“, каде што неговата улога стануваше сѐ помала.

– Одев на работа само три дена во неделата. Сакав да се самоубијам – рече актерот во интервјуто. Неговата кариера ја спаси филмот „Ловци на деверуши“ од 2004 година, во кој глумеше заедно со Овен Вилсон. Неговата кариера тогаш доживеа голем подем и набргу потоа стана една од најголемите sвезди во Холивуд благодарение на улогата во филмот „Мамурлак“.

Бри Ларсон

Таа глумеше како мала и за малку ќе ја завршеше кариерата таму. Кога се појави на аудиција за улогата на ќерката на Тони Колет во серијата „Соединетите држави на Тара“, таа не успеа да ја добие таа улога и беше толку разочарана што беше подготвена целосно да се откаже од актерството, и се пријави на колеџ.

– Тони беше мојот херој. Мислев дека никој на Светот не може да ја одигра таа улога подобро од мене, но кога бев одбиена, како да одеднаш повеќе не ја разбирав реалноста“, рече Ларсон. По некое време, таа повторно беше повикана од продукцијата на серијата „Соединетите држави на Тара“ за да ѝ понуди улога. Подоцна глуми во многу познати филмови, како што е „Соба“.

Џо Пеши

Првата филмска улога ја имаше во 1976 година во нискобуџетниот филм наречен „Собирач на смртта“.

Тој мислеше дека глумата, сепак, не е за него, па сакаше да го остави сето тоа и да отиде во Бронкс, каде што требаше да го води ресторанот на неговиот пријател. Тогаш Роберт де Ниро стапи на сцената за да му помогне. На славниот актер навистина му се допадна начинот на кој глумеше Пеши, па го покани да му понуди улога во култниот филм од 1980 година, „Бесен бик“, и оттогаш започна неговиот подем.

escort - Korsan taksi