Дани Димитровска (ќе) се бори за работничките права на музичарите

9 април, 2021
дани

Дани Димитровска е поп-пејачка со популарност која не ѝ опаѓа, без разлика што во ова време на пандемијата никаде не настапува, не пее. Специфична е во се, и во приватниот живот (инаку таа е мајка на 20-годишниот син Лазар), па и кога треба да ја коментира положбата на пејачите во Македонија. Таа е вистински борец!

– Ни велат дека музичарите не биле во системот. Тоа значи невалидни сме. Непостоечки. Штом не сме во системот значи немаме работнички права. А на секој музички работник и тоа како му е во прилог да биде легитимен и пред себе и пред системот.

Од осамостојување до ден-денешен, правата и одговорностите на работникот со професија сценско-музичка дејност, не се решени.
Музиката е професија. А на маргините е. А култура е, вели Дани која по се изгледа сака да се избори за работничките права на музичарите.                                             

Дали ќе успее во ова исклучително тешко време, ќе видиме?   

Преземено од vecer.press

escort - Korsan taksi