Деми Ловато отворено за зависноста, булимијата и врските: „Не знам дали некогаш повторно ќе бидам со маж“

3 април, 2021
profimedia-0591695105-830x0

За себе тврди дека е „флуиден пансексуалец“, што значи дека може да се замисли себеси во кревет со секој што чувствува сексуална привлечност.

Деми Ловато (28) во своето неодамнешно интервју со Џо Роган ги откри мрачните страни на нејзиното минато. Американската актерка и пејачка веќе подолго време се бори со зависноста од дрога, таа често користеше кокаин, Ксанакс и хероин, што резултираше со предозирање во 2018 година.

Лекарите ѝ рекле дека неколку минути ја делат од смртта. Конзумирањето дрога остави доживотна трага на Деми: како резултат на три мозочни удари, срцев удар и откажување на органите, таа има оштетување на мозокот и слепи дамки во очите, поради што и денес не може да вози.

Таа исто така откри дека се борела со ментални проблеми, како и многу други деца на sвезди, страдала од булимија од 12-годишна возраст, а исто така била и сексуално злоставувана и силувана во тинејџерските денови.

Ловато зборуваше и за нејзината сексуална ориентација, велејќи дека таа „моментално е отворена буквално за секого“.

Тврди дека е „флуиден пансексуалец“, што значи дека може да се замисли себеси во кревет со секој што ќе го почувствува сексуално привлечен – без оглед дали е маж, жена, трансродово лице и сексуална ориентација.

На прашањето дали сака да има деца, таа одговори:

– Претходно, навистина сакав да имам свои деца, но сега размислувам за посвојување – рече Деми и додаде:

– Порано бев сигурна дека ќе завршам со маж и ќе имам биолошки деца, но сега сум сексуално флуидна, не знам дали некогаш повторно ќе бидам со маж, па не знам дали ќе имам биолошки деца – откри Деми.

escort - Korsan taksi