ДЕТСКИ SВЕЗДИ КОИ НЕ МОЖЕЛЕ ДА ГО ПОДНЕСАТ ТОВАРОТ НА СЛАВАТА: Прокоцкале сè поради дрога и алкохол

3 април, 2021
My-Post-3-1-e1617353980418

Богатството, успехот и славата секогаш се голема одговорност, но само ретките се доволно силни да го понесат тој товар на грб. Не е ни чудо што на децата им е тешко да се справат со овој свет, особено затоа што преку ноќ ја губат можноста за нормално детство. Парите, опијатите и предвремената слава си зедоа данок од некои талентирани деца, а повеќето од нив никогаш не стигнаа до стара слава.

Меколеј Калкин е веројатно првото име што ни паѓа на ум кога станува збор за бебиња ѕвезди уништени од славата. Откако се прослави со филмовите „Сам дома“, тој стана еден од најплатените холивудски актери. Но, набргу потоа, сè тргна надолу. Неговите родители се разведоа, а во 2004 година беше уапсен за поседување марихуана. Откако ја прекина долгогодишната врска со актерката Мило Кунис, излегуваше со порно ѕвезда. Паднал во депресија и наводно сакал да се самоубие. Тој стана зависник од дрога, и по долга борба излезе од пеколот на дрогата, но често ја шокира јавноста со своите необични изјави и изглед.

Го паметите Едвард Фурлонг од улогата на Џон Конор во „Терминатор 2“. Потоа доби неколку главни улоги, но набрзо започнаа проблеми. Неговата кариера пропадна поради тешки дроги, алкохол и проблеми со законот. Неколку пати беше апсен за семејно насилство. Неговата поранешна сопруга, а подоцна и сите други девојки беа принудени да поднесат мерка забрана против Едвард, а тој редовно ги кршеше. За да избегне затвор, во 2013 година беше принуден да оди на рехабилитација.

Линдзи глуми од дете, а се прослави на 10-годишна возраст во филмот „Стапица за родители“. Потоа следуваа улоги во хит филмовите „Mean Girls“ и „Freaky Friday“. Таа исто така се занимаваше со музика и сними неколку албуми. Светла иднина ѝ се насмевнуваше, сè додека не прокоцка сè далеку од притисокот на славата. Како тинејџерка, таа започнала да конзумира дрога и да се забавува цело време. Неколку пати беше уапсена за возење во пијана состојба и поседување кокаин, а шест пати била на рехабилитација.

escort - Korsan taksi