Девојката на Леонардо ди Каприо е ангел! Камила и без грам шминка изгледа фантастично

10 март, 2021
девојката на леонардо ди каприо

Американската актерка и модел Камила Морон (23) е моментална девојка на холивудскиот шармер Леонард Ди Каприо (46), кој е 23 години постар од неа, а обожавателите велат дека Камила е нереално убава и без шминка.

Имено, убавата и млада актерка е вистинска сензација, а овој пат беше фотографирана како го шета својот миленик хаски Џек, кого го посвои пред една година.

За оваа пригода, актерката носеше опуштен црн фустан на прерамки, црни кожни чизми и краток сив џемпер.

Долгогодишната девојка на Ди Каприо опуштено се шеташе во западниот дел на Холивуд, но сепак имаше еден детал што многумина не можат да си го дозволат. Станува збор за чанта „Валентино Гаравани“ во црна боја со златни детали, а оваа торба чини околу 3.350 долари.

Овој пат, звездата на филмот „Титаник“ не и правеше друштво, но се знае колку е внимателен и галантен кон неа.

Пред неколку месеци, добитникот на Оскар организираше прослава за 23-от роденден на манекенката на неговата луксузна јахта, долга 43 метри. На јахтата имаше многу гости и тие пловеа од Лос Анџелес и заминаа за Малибу.

Инаку, славниот актер никогаш не открива премногу за неговите врски, а исклучок не е врската со Камил, за која никогаш не зборувал во јавност.

Да потсетиме, Леонардо и Камила се во врска од декември 2017 година, а гласините за нивната љубов беа потврдени на овогодинешните Оскари, кога тие се појавија заедно на црвениот тепих.

Пред Камила, Ди Каприо беше во врска со многу познати убавици кои беа многу помлади од него, па постои мит дека Леонардо ги остава сите свои девојки кога ќе наполнат 25 години, а ќе видиме дали ќе се случи истата ситуација со Камила. Погледнете нови фотографии од убавата Аргентинка во нашата галерија во текстот.

escort - Korsan taksi