Дури и по 14 години, приказните за избричената глава на Бритни Спирс не престануваат

17 февруари, 2021
Screenshot_2

Бритни Спирс доживеа нервен слом во 2007 година, а нејзините проблеми одекнаа во Светот.

Откако на почетокот на овој месец се појави документарецот наречен Framing Britney Spears, нејзината животна приказна е повторно во центарот на вниманието. Еден од главните моменти во животот на тогашната планетарно популарна sвезда е нејзиното шишање на долгата препознатлива руса коса.

Имено, во 2007 година Бритни ненајавено се појави пред куќата на нејзиниот поранешен сопруг Кевин Федерлајн и сакаше да ги види своите синови Шон и Џејден. Тој веднаш ја одбил, на што таа фрустрирана отишла кај најблиската фризерка и ја замолила фризерката Естер Тогноз да ​​ѝ ја избричи главата пред повеќе од 70 папараци.

Тогноз се обиде да ја одврати од идејата, но не успеа. Бритни сама ги зела ножиците и ги пресекла кадриците. Нејзините телохранители само стоеја, гледаа и се смееја заедно со фотографите. „Таа имаше двајца телохранители кои мораа внимаваат папараците да не ја снимаата“, рече Тогоноз.

Најтажната работа во целата приказна беше нејзиниот израз на лицето кога сфати што сторила.

Подоцна се упати кон салонот за тетовирање Body and Soul каде ѝ се довери на Емили Вин-Хјуз. „Забележав дека нема коса. Ја прашав зошто ја избричи главата, а нејзиниот одговор беше многу чуден“, рече Вин-Хјуз. „Не сакам никој да ми ја допира главата и косата. Уморна сум од тоа некој да ми ја допира косата”, вознемирено одговори Бритни.

Наводно, целиот живот на Бритни под центарот на вниманието бил под влијание на микро-менаџментот на нејзиниот тим, сè до изборот на долна облека за носење, но за време на овој настан никој не се грижел што ќе направи. „Изгледа дека навистина не им е грижа. Чувствував вознемиреност и многу негативна енергија во сето тоа“, рече Вин-Хјуз.

escort - Korsan taksi