Џенифер Лопез објави фотографија со своите ќерка (13) и мајка (75): „Убавината нема рок на траење“

5 мај, 2021
171139745_169249118381631_6576550971332587929_n-e1620195923437

Трите дами позираа од профили во сива боја додека стоеја наредени според возраста

Џенифер Лопез објави фотографија на Instagram со нејзината 13-годишна ќерка Ема и 75-годишната мајка Гвадалупе Родригез.

Со оваа објава, пејачката, танчерка и актерка ја промовираше својата линија козметички производи JLo Beauty, која ја лансираше на 1 јануари годинава. Во описот на фотографијата, таа напишала дека убавината нема рок на траење и дека нејзините производи можат да се користат од седумгодишна возраст до 77 години.

Трите генерации дами изгледаа одлично во сиво, додека стоеја наредени по возраста и позираа без шминка.

Фотографијата собра скоро 1,5 милиони лајкови за неколку часа.

escort - Korsan taksi