Џорџина Родригез потпиша договор со „Netflix“: Вереницата на Кристијано Роналдо наскоро со свое ријалити шоу!

17 април, 2021
Georgina-Rodriguez_Edward-Berthelot_Getty-Images1279558433-1618485056-928x523

Моделот Џорџина Родригез која воедно е свршеница на славниот фудбалер Кристијано Роналдо, потпиша договор со „Netflix“ за новo шоу кое едноставно ќе се вика „Џорџина“.

Полу документарното, полу ријалити шоу ќе го следи нејзиниот секојдневен живот и ќе ни даде увид во семејната динамика со Кристијано.

27-годишната аргентинска инфлуенсерка веднаш се пофали за својот најнов ангажман на својот Instagram-профил, каде има 24 милиони следбеници.

Многу сум возбудена и среќна за овој нов проект. Благодарам на семејството  „Netflix“!“, Родригез напиша во описот на фотографијата.

Досега, младата Аргентинка несомнено профитираше од врската со фудбалерот, склучувајќи бројни договори со познати модни куќи и брендови, а покрај сето тоа, Роналдо ѝ давал месечен „џепарлак“, тврдат извори.

Пред врската со славниот фудбалер, Џорџина била продавачка во проданица на брендот „Gucсi“ во Мадрид, каде и се запознале со Роналдо.

Таа му помагала во изборот додека славниот фудбалер бил во шопинг, а тој толку бил задоволен што барал кога ќе дојде во продавницата, секогаш да му помага Џорџина.

Работев напорно и живеев пожртвуван живот и затоа универзумот ме награди со најдоброто нешто на Светот: Прекрасно семејство“, во една прилика изјави таа.

Кристијано и Џорџина во 2017 година ја добија ќерката Алана Мартин, додека другите три деца на фудбалерот се родени од сурогат мајки.


escort - Korsan taksi