Ѕирнете во домот на Ким и Канjе, вреден 40 милиони долари, од кој ниту таа ниту тој не сакаат да се откажат!

25 февруари, 2021
Screenshot_1

Куќата на Ким Кардашијан и Канје Вест е главната тема во преговорите за развод, бидејќи никој не сака да се откаже од неа.

Наскоро поранешни сопружници, Ким Кардашијан и Канје Вест инвестираа неверојатни 20 милиони долари во изминатите седум години во обнова и создавање на совршена семејна оаза, проценета двојно повеќе денес. Канје беше особено горд на луксузната, но минималистичка зграда во Калабасас, кој своевремено ја спореди со еден вид футуристички манастир.

Токму тоа е срцето на преговорите и аранжманите за развод, откако тие инвестираа големи суми на пари за нејзино реновирање, што траеше скоро седум години, па парот живееше со мајката на Ким, Крис Џенер. Откако клучевите им беа вратени назад и откако ја покажаа внатрешноста на нивниот нов дом, јавноста едноставно остана без зборови.

Во целиот ентериер на куќата доминираат светли нијанси, а подот, таванот и sидовите се покриени со малтер и на нив нема ниту една декорација. Во дневната соба на мебелот има само камена маса и неколку столици, исто така во светли нијанси.

„Ние воопшто не зборувавме за украси и внатрешен дизајн, туку за некаква филозофија и начинот на кој живееме и како ќе живееме во иднина. На куќата ѝ дадовме префинет тон и постојано се водевме од мислата и идеја дека сè треба да биде чисто“, откри белгискиот дизајнер Аксел Вервоордт, кој беше главен и одговорен, во интервју за списанието Architectural Digest.

Ким еднаш рече дека и таа и Канје сакаат неутрални бои, што куќата најдобро ги докажува. Сепак, таа откри и дека мора добро да ги провери сите негови идеи за украсување и мораше да го убеди дека им се потребни фиоки за работи во куќата.

Двојката повеќепати беше критикувана дека куќата не е погодна за деца, но Ким рече дека ходниците и просториите се доволно големи за да можат да си играат и да се возат на нивните играчки и дека масите се доволно ниски за да можат да играат на нив. Покрај тоа, тие имале игротека на два спрата во куќата, која ја имале распоредено во повеќе бои.

Покрај куќата е голем базен, кој на Ким ѝ беше омилен дел од целата куќа, и покрај тоа што тврдеше дека не го пробала дури неколку месеци откако тие се преселија во куќата.

escort - Korsan taksi