ЅВЕЗДАТА ОД „ПРИЈАТЕЛИ“ Е ДИЈАГНОСИРАН СО РАК ОД 4ТИ СТАДИУМ „Ми се ближи крајот“

22 јуни, 2021
profimedia-0547635052

За време на пандемијата се тргна на полошо

Актерот Џејмс Мајкл Тајлер, кој го играше Гантер во сите десет сезони на хит серијата ‘Пријатели’, откри дека се бори со рак на простата во 4ти стадиум. Овој 59-годишник изјави за NBC News дека малигната болест му била дијагностицирана уште во 2018 година, но оттогаш се проширила на други делови од телото, вклучувајќи ги коските и ‘рбетот.

„Ми дијагностицираа напреднат карцином на простата кој се прошири на моите коски. Се борам со оваа дијагноза скоро последните три години. Јас веќе имам рак во доцна фаза. Свесен сум дека тој ќе ме докрајчи“, рече Тајлер, кој откри дека лекарите биле оптимистични кога првпат му била дијагностицирана болеста, но ракот започнал да ‘мутира’ на почетокот на пандемијата. „Не успеав да одам на тестирања, што не беше добро. Значи, ракот решил да мутира во времето на пандемијата и така напредувал ’, рече тој.

Тајлер, кој во моментот е на хемотерапија, рече дека болеста го спречила да се појави лично на снимањето на филмот „Пријатели: Повторната средба“, кој се емитуваше минатиот месец на ХБО. Наместо тоа, тој се појави преку Зум. ‘Бев многу среќен што бев вклучен во проектот. Мојата одлука беше да не бидам дел од тоа физички и да се појавам на „Зум“. Не сакав да испадне: ‘Ох, и патем, Гантер има рак’, искрено рече тој.

Првично, лекарите го лекувале неговиот рак со хормонска терапија. Тој рече дека текот на третманот „работел неверојатно околу една година“ и му дозволил да го живее животот нормално, затоа што требал да зема само три лекови на ден. Требаше само да пијам апчиња наутро и навечер. Мојот живот беше прилично нормален“, рече тој. Ракот потоа започнал да се шири на коските и ‘рбетот, поради што тој е парализиран во долниот дел од телото. Рече дека ракот станал многу потежок за справување откако се проширил на неговите коски. „Минатата година ми беше цел да го прославам својот 59-ти роденден. Јас го сторив тоа, на 28.05. Сега знам дека крајот е близу. Мојата цел сега е да помогнам да спасиме барем еден живот излегувајќи со оваа вест “, заклучи тој.

escort - Korsan taksi