Емотивна порака од сoпpyгaтa Весна, еднa гoдинa од смртта на Драган Вучиќ

4 мај, 2021
vucik poraka

На 4 мај ќе се наврши точнио една година откако овој свет го напушти познатиот водител, музичар и шоумен Драган Вучиќ.

Емотивна порака од сoпpyгaтa Весна, еднa гoдинa од смртта на Драган Вучиќ

Весна Вучиќ, неговата сопруга не се огласи во јавноста по загубата на сопругот. Таа неколку пати на својот Фејсбук профил апелираше до сите луѓе да ноат маски и да држат дистанца.

Драган почина на 4 мај на Инфективната клиника од Скопје, како последица на вирусот. Многумина го нарекуваа број еден шоумен и музичар и формула за успех. Во многу нешта во шоу бизнисот, тој беше прв.

Вучиќ патеше од дијабетес и неговиот организам тешко го поднел вирусот.

-Драган имаше благо покачена температура три – четири дена. Со оглед на пандемијата на Ковид 19, решивме дека треба да се тестира, да бидеме на сигурно со дијагнозата.

Тестот за жал, беше позитивен. Кога температурата започна да надминува над 38,5 степени, тој беше префрлен на Инфективната клиника во Скопје. Во меѓувреме, и јас се тестирав, иако немав симптоми. И мојот тест се покажа позитивен на вирусот.

Ја започнавме нашата битка со новиот и недоволно познат непријател, со вирус кој е доста сериозен и не смее да се потценува неговата моќ. Драган добиваше кислородна поддршка на клиниката, јас престојував дома, се слушавме телефонски, си разменувавме пораки.

По една недела на клиника, тој ја изгуби битката, почина од компликации од вирусот, изјави за „Фокус“ неговата сопруга Весна Вучиќ.

Поради прописите поврзани со болеста, таа морала да остане дома, во изолација и не присуствуваше на неговото последно испраќање.

Мартин и неговата сопруга, блиски луѓе и пријатели, отидоа да го испратат Драган на последното патување.Содржината продолжува после огласот

-Во тоа време, додека траеше погребот, излегов на прозор. Под прозорот се собрале моите добри другарки, моите драги личности кои во едни вакви услови, нови за целото човештво, на свој начин ми ја дадоа својата поддршка и ми покажаа дека се покрај мене. Преблагодарна сум им, не знам како ќе ги поминев тие моменти, додека син ми го испраќаше својот татко, ако ги немав нив, да ме утешат, изјави Весна Вучиќ за Фокус.

-Солзите не престанаа да течат, како и на сите кои загубија свој близок. А што друго можат да направат освен да тажат и да го посетат неговиот вечен дом,  велат блиски на семејството Вучиќ.

Преземено од lider.mk

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi