(Фото) Кончита Вурст ама и колегите од естрадата не кријеа дека Васил имал импресивен настап на Евросонг

20 мај, 2021
vasil

Кончита Вурст, победникот на Евросонг од 2014 година, се воодушеви од пеењето на Васил Гарванлиев во Ротердам. Откако Васил на својот инстаграм-профил објави видео и сподели дел од песната Here I Stand, Кончита го пофали и му даде комплимент за пеењето.

„Гласот!“ -напиша некогашниот победник на Евровизија, кој пред седум години ја освои наградата за песната Rise Like a Proenix.

Ова беше еден од многуте комплименти што ги доби Васил по настапот на Евросонг. Меѓу оние кои му коментираа, дека отпеал одлично, беа и Даниел Кајмакоски и Тијана Дапчевиќ, Тамара, а и повеќето новинари кои се занимаваат со естрдата. Всушност, повќето колеги од домашната естрадта му дадоа поддршка на Васил и напишаа дека имал одличен настап.

За потсетување, Васил пееше во првото полуфинале на Евросонг, но не влезе во финалето.

Преземено од info.mk

escort - Korsan taksi