Го гледавме во бројни холивудски филмови, А СЕГА СЕ ЗДЕБЕЛИЛ ДО НЕПРЕПОЗНАТЛИВОСТ: Актерот ги остави фановите без зборови (ФОТО)

4 мај, 2021
192254_bez-naziva_f

Американскиот актер, заради улогата, се реши на драстичен потег

Познатиот холивудски актер Марк Волберг е познат по здравиот начин на живот и секојдневното вежбање. Сепак, тој ги запрепасти фановите со објава на социјалните мрежи каде е непрепознатлив.

Имено, тој објави фотографија која ја прикажува драматичната телесна трансформација низ која помина за само три недели поради неговата нова улога во филмот „Татко Сту“.

Американскиот актер претходно во една емисија откри дека планира да се здебели 13 килограми за шест недели, а во понеделникот го сподели напредокот со своите 16 милиони следбеници.

– Пред три недели и денес – напиша тој под две фотографии на кои се гледа Валберг без маица. На едната се прикажани врежани стомачни, а другата, по само три недели, нема ни трага од стомачните.

Зборувајќи за своите планови за зголемување на телесната тежина, Марк изјави дека ќе јаде сè што ќе му сѐ најде при рака, по подолгиот период на строга диета.

– Сакам да одам во пекари, сакам да јадам палачинки, сакам да јадам сѐ што ќе ми дојде при рака – рече актерот кој ги шокираше обожавателите во 2018 година кога детално го откри својот планиран ден.

Потоа рече дека обично станува во 2.30 часот навечер и се моли 15 минути. Појадува во 3.15 часот, а потоа вежба од 3.40 до 5.15 часот. Потоа повторно јаде и се тушира. До 7.30 игра голф, одмара малку и „каснува“ нешто, а во 9,30 часот оди во сауна каде се опоравува од тренингот. После тоа, тој се фокусира на својата работа, без разлика дали тоа е неговата холивудска кариера или инвестиции.

Неговиот распоред остави некои во неверување, па многумина се прашуваа дали е вистина она што го објави на неговиот профил.

escort - Korsan taksi