ГО РОДИ 4-ТОТО ДЕТЕ НА 27 ГОДИНИ ПОСТАРИОТ МИЛИЈАРДЕР: Елена порано немала ни за мастики, завршила во ЗАТВОР, а потоа се појавил ТОЈ

17 мај, 2021
2536251_elenaperminovaaleksandarlebedev_ls

Руската манекенка Елена Лена Перминова (34) вчера го роди своето четврто дете – синот Саша, а среќната вест ја сподели на својот Инстаграм профил.

“Добредојде, ангелу мој Саша! Нека твоето патување на овој свет биде исполнето со љубов, среќа и просветлување. Почестена сум што заедно ќе ја поминеме оваа авантура за цел живот”, напиша Елена.

Денес, Елена има живот како од бајка – има прекрасно семејство, се занимава со манекенство, омажена е за милијардерот Александар Лебедев (61) и ужива во луксуз. Сепак, не беше секогаш така.

Елена не живееше секогаш раскошно и среќно. Пред бајката, нејзиниот живот беше вистински кошмар.

Убавата Русинка е родена во далечниот, студен Сибир, а своето детство го поминала во страшна сиромаштија, толку многу што за неа биле скоро непознати чоколадо и гуми за џвакање.

Во обид да се спаси од сиромаштијата, таа го напуштила домот на своите родители кога имала само 16 години и поминала време со своето момче, со кое започнала да работи илегално. Наскоро, кревката русокоса била фатена на дело додека продавала дрога во ноќен клуб, а проблемите штотуку започнале.

Една ноќ, Елена е уапсена за трговија со дрога и таа ја минува ноќта во затвор. Но токму еден член на парламентот, Александар Лебедев, кој во тоа време ја бранел Елена, застанал на нејзина страна.

escort - Korsan taksi