ГО СРУШИ INSTAGRAM! Ким Кардашијан СО ОВАА ФОТОГРАФИЈА покажа колку СЛЕДБЕНИЦИ има на социјалната мрежа!

2 септември, 2021
384605_kim_f

Ким Кардашијан има причина да слави денес. Популарната старлета изби на тронот на Instagram со дури 250 милиони следбеници

Ким Кардашијан секојдневно споделува фотографии на Instagram. Многумина се восхитуваат на нејзините облини, како и на нејзиниот начин на живот. Како и да е, оваа старлета има над 250 милиони следбеници на Instagram.

По повод оваа прилика, старлетата прикачи фотографија од своите деца и напиша:

– 250 милиони следбеници! Ве сакам! Сакав да ја објавам оваа фотографија бидејќи ако можам да добијам 250 милиони бакнежи од моите бебиња, мојот живот би бил комплетен – напиша американската ријалити sвезда.

Ким Кардашијан ги доби четирите деца со раперот Канје Вест, од кого се разведе оваа година.

На прашањето на водителка во една емисија зошто пропадна нејзиниот брак со Канје, таа имаше јасен одговор.

– Мислам дека не би ги кажала причините јавно пред камера, но не се работи за едно нешто што тој или јас го направивме. Ова се разлики во мислењата и некои од работите што доведоа до оваа одлука. Не сакам никој да мисли дека не сум се посветила на тоа, или дека сум се обидела. Имаме четири деца. Нема ништо што би родителите… Децата повеќе би сакале да ги видат своите родители заедно. Тоа и јас го доживеав – мирно истакна Ким, опкружена со своето семејство.

escort - Korsan taksi