Гола во када, само со пешкирче околу себе, Лила сликовито покажа како се подготвува за промоција на „Тешко мене со тебе“ (ФОТО)

15 јуни, 2021
lila

Како што неодамна први пишувавме и најавивме, најдобрата и мошне популарна македонска  ТВ водителка Лила Филиповска или одново Стојановска ќе да е, кој ќе ја знае, по пауза од речиси две децении, повторно и се враќа на музиката. До душа само на кратко, повеќе од забава и „чатал“ отколку како сериозна определба, но и тоа е дел од градењето на имиџот кога е во прашање  јавна професија, каква што има најуспешната македонска водителка.

Најавено е дека утре, среда, 16-ти јуни 2021 год. Лила ќе ја промовира дуетската песна со младиот Филип Пешевски насловена „Тешко мене со тебе“ на 16-ти овој месец, во еден елитен локал во Скопје. Настанот е закажан со почеток од 20.30 часот, а сите посетители мора да го почитуваат дрес кодот, односно да бидат во гардероба во златна и црна боја, стои во најавата.

„Лила веќе доби низа на комплименти за својот стил за време на снимањето, па се нижат споредби и со холивудската ѕвезда Џенифер Лопез. Секогаш била максимално професионална, било да е водителството или музиката во прашање, веруваме дека ќе започнат да пристигаат понуди за настапи“ – се пофалија од нејзината екипа за „Фокус“.

Ама за да бидеш како Џенифер не може да седиш и чекаш „во лер“ со скрстени раце да дојде денот на промоцијата, е констатацијата.  Затоа Лила уште на време тргна да се подготви…

И тоа „од глуждови до пазуви“. Ма од маникирано-лакирани нокти на ножните прсти, до шминка и фризура, за комплетна визура. Па не се станува туку така како Џеј Ло, макар тоа било и на ова наше, македонско тло?!

Но претходно,  пред да ја дотера и „налицка“ завршната фасада, Лила покажа како изгледа нејзината хигиенско-естетска подготовка во када. Со мала помош на своите пријатели меѓу спонзорите, водителката ја доби магичната формула како набрзина да изгледа уште поубава.

Па како што самата  кажа, само со еден гест го минимизираше вишокот течности, го активираше губење на тежината, ја продлабочи кожата за да и стане помека и свиленкаста, значително го намали целулитот… Тргна да се среди тип – топ за новиот спот, па сподели нова тура фотографии на својот Инстаграм…

А на нив, гола во када, само со пешкирче околу себе, Лила и сликовито покажа како се подготвува за промоција на „Тешко мене со тебе“

Преземено од vistina.com.mk

escort - Korsan taksi