Готово е. Ријана ја затвора модната куќа Фенти!

11 февруари, 2021
рири

Соработката со групата LVMH заврши.


Пејачката Ријана и групата LVMH ја раскинаа соработката и решија да го затворат нејзиниот моден бренд Фенти, пишува WWD. Последната колекција беше наведена во онлајн продавницата во ноември минатата година и после тоа веќе не се произведуваше нова облека. За WWD, LVMH потврдија дека решиле да ја стават во мирување соработката сè додека состојбата во Европа не се подобри.

LVMH ќе продолжи да управува со своите брендови за убавина Fenty Beauty и Fenty Skin. Покрај тоа, L Catterton, во кој LVMH има удел, собра 115 милиони долари за да инвестира во понатамошниот развој на линијата за долна облека на Ријана, Savage x Fenty.

escort - Korsan taksi