„Grease“ прогласен за сексистички филм! Оливија Њутн Џон ги искара критичарите!

6 февруари, 2021
1d3a8eaec47eee323f244b8a96793ba1bf1bcb55

Актерката на легендарниот филм „Grease“ Оливија Њутн Џон шокирана од лошите критики по 40 години.

За време на Божиќните празници, поранешниот хит филм „Grease“ од 1978 година повторно беше објавен пред гледачите ширум Светот. Гледачите во Велика Британија беа „ужаснати“ од филмот и започна лавина коментари.

Филмот беше оценет како „сексистички“, „хомофобичен“ и, накратко, ужасен! Така беше оценет од критичарите, по цели 40 години, а лошите коментари беа дадени од гледачите на социјалните мрежи на ВВС, кои го емитуваа филмот.

72-годишната Оливија Њутн Џон, која играше како Сенди во филмот „Grease“, одговори кратко на критиките: „Луѓе, оладете!“

– Треба да го разберете филмот како „сладок класичен мјузикл“. Филмот е забавен, не заборавајте дека е снимен во 70-тите за период од 50-тите години. Значи, сфатете го како несериозен мјузикл – рече Оливија.

Оваа австралиска актерка успеа да го победи ракот три пати и вели дека сега го доживува светот околу неа сосема поинаку. Таа даде интервју за британските медиуми.

– Мораме малку да се опуштиме, а да не бараме „задни намери“ во сè – заклучи таа.

Џон Траволта, кој го толкуваше главниот машки лик Зука, смета дека филмот е симпатичен, забавен и дека во него има сигурно многу добро, бидејќи и денес е популарен.

„Филмот е уникатен, опуштете се малку“, заклучи Траволта.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum