Хари и Меган во проблеми заради НАПАДОТ врз семејството: Дали ќе мора да се откажат од своите титули поради ОВАА изјава?

16 мај, 2021
Elizabeta-Megan-i-Hari

Она што се чини дека ја прелеа чашата е критиката на Хари кон принцот Чарлс како татко

Бурата околу интервјуата што принцот Хари и Меган Маркл ѝ ги дадоа на Опра сè уште не стивнува, а новиот скандал е во тек. Поради тоа, кралското семејство планира да побара од Хари и Меган да се откажат од своите титули.

Причината за тоа, како што пишуваат медиумите, е „Новиот напад на Хари и Меган врз кралското семејство“. Според медиумите кралското семејство се чувствува се повеќе збунето поради нивните постапки, но и предавството.

Очигледно, она што ја прелеа чашата е критиката на Хари кон принцот Чарлс како татко, а тој ги доведе во прашање и кралицата Елизабета и принцот Филип во улогата на баба и дедо.

– Луѓето се шокирани што принцот Хари ѝ го стори ова на кралицата – и тоа веднаш по смртта на принцот Филип. Шокантно е што тој го вклучи својот покоен дедо во целата приказна. Принцот Хари досега многу пати го напаѓаше дворецот велејќи дека кралското семејство му нанело многу болка. Ако толку многу го презира дворецот, време е да ја врати титулата. Време е Меган и Хари да бидат веќе без титули. Доколку одбијат да се откажат од титулата, ќе мора да објаснат зошто – велат извори од дворецот.

Патем, целиот конфликт настана околу еден месец по смртта на принцот Филип, кога Хари изјави дека тој и Меган се преселиле во Калифорнија за да го „прекинат циклусот на генетска болка“.

– Татко ми се однесуваше кон мене како што се однесувале кон него. Има многу семејно наследство во форма на болка. Дали не е смислата на животот да се прекинат оние семејни циклуси кои не се добри? – рече Хари. Тој исто така рече дека сега, како татко на едно дете, додека другото е на пат, размислува за родителство и сака да го прекине циклусот на воспитување и растење низ кој поминало неговото семејство.

– Се сеќавам на приказните на татко ми за училиштето во Шкотска, тој бил многу несреќен во тоа време. Ми текна – знам дека неговата несреќа беше поврзана со одлуката на неговите родители. Така, тој се однесуваше кон мене како што знаеше, како што научил од неговите родители. Значи, сега е мојот ред да ги исправам тие грешки – рече Хари, додавајќи дека неговиот живот во кралското семејство е нешто „помеѓу шоуто на Труман и заробеништвото во зоолошката градина“.

– Видов како изгледа сè зад сцената, го живеев тој живот. Знам како работи „фирмата“ и не сакам да бидам дел од неа – рече Хари.

Близок пријател на принцот Чарлс ги коментираше нападите на Хари за медиумите на следниов начин:

– Ако ја следиме логиката на Хари да се однесува кон кралското семејство како „обични семејства“, тогаш принцот Чарлс е самохран татко кој даде баш сѐ од себе. Устата на Хари е полна со сочувство, а тој самиот нема трошки од сочувство кон неговиот татко, ниту кон неговата баба која неодамна го загуби човекот на нејзиниот живот.

escort - Korsan taksi