Хилари Даф тврди: „Откако постојано ме тестираа за коронавирус, ОВА МИ СЕ СЛУЧИ“

8 јануари, 2021
hilari-daf-830x0-1

Актерката Хилари Даф на социјалните мрежи откри како ги поминала празниците, а многу нејзини обожаватели на фотографиите забележале дека едното око и е многу отечено.

Хилари потоа објави серија фотографии на Instagram Stories и откри што точно се случило. Имено, актерката изјави дека окото одеднаш почнало да изгледа чудно и дека ја боли. Веднаш отишла во болница и таму брзо откриле дека и е воспалено окото.

Даф тврди дека добила инфекција на окото затоа што минатата година морала да биде тестирана на коронавирус неколку пати поради работа.

  • Затоа што знаете … 2020 година. и така натаму – се пошегува актерката.

Таа додаде дека окото сега и е добро и дека пие антибиотици. Сепак, иако таа тврди дека заразата ја добила поради тестовите, Центарот за контрола и превенција на болести побара од луѓето да продолжат со тестирање за да се заштитат себе си и другите, и дека воспалението на очите никогаш не било спомнато или евидентирано како последица од тестирањето за вирусот.