Холивудскиот предатор наскоро на суд во Калифорнија: Њујорк го отвори патот за екстрадиција на Вејнстеин

16 јуни, 2021
холивудски предатор

Обвинителството во Лос Анџелес планира да го испорача Вејнстеин кон крајот на јуни, најдоцна кон средината на јули

Судијата Кенет Кејс во Њујорк отвори можност познатиот холивудски продуцент Харви Вејнстеин да биде екстрадиран во Калифорнија за да се соочи со обвиненија за силување и сексуална злоупотреба, речиси една година откако обвинителите од Лос Анџелес побараа осудениот поранешен филмски продуцент да биде испратен во Калифорнија.

Кејс ги отфрли аргументите на правниот тим на Вејнстеин дека документите за тој трансфер не се подготвени и дека Вејнстеинн (69) треба да остане во Њујорк, со цел да ја добие потребната медицинска нега, јавува Ројтерс и пренесува Танјуг.

„Ако Калифорнија не го преземе господинот Вејнстеин во разумен рок, не заборавајте да се вратите да ме видите“, му рече Кејс на Норман Ефман, адвокат што го застапува Вејнстеин.

Обвинителите во Лос Анџелес планираат да го екстрадираат Вејнстеин кон крајот на јуни, не подоцна од средината на јули, за да може да се соочи со обвинение од 11 точки, обвинувајќи го за напад на пет жени од 2004 до 2013 година.

Другиот адвокат на Вејнстеин, Марк Верксман, преку е-пошта рече дека Вајнштајн ја обжалува одлуката на Кејс и бара судијата во Лос Анџелес да ја блокира екстрадицијата се додека не ја добие потребната медицинска помош во Њујорк.

Вејнстеин отслужува 23-годишна затворска казна откако беше осуден на Менхетен во февруари 2020 година за сексуален напад на асистент во 2006 година и силување на актерка од трет степен во 2013 година. Тој ги обжали пресудата и казната и негираше дека имал сексуални односи без согласност.

escort - Korsan taksi