Хурем, разбушавена и без трошка шминка, гледа во далечината: „Што ѝ се случи по породувањето?“

20 февруари, 2021
profimedia-0176440617-830x0

Иако имаше тежок период зад себе, актерката среќата ја најде во своите ќерки

Германската актерка по потекло од Турција, Мерием Узерли (37), која се прослави со улогата на Хурем во популарната серија „Сулејман Величествениот“, ги изненади обожавателите со своето издание.

Иако многу светски sвезди не објавуваат често фотографии на социјалните мрежи на кои не се дотерани или барем малку средени за фотографирање, тоа не е случај и со Мерием.

Хурем на својот Instagram профил објави фотографија која предизвика лавина реакции. Многумина го пофалија нејзиниот природен изглед, и коментираа дека сјае откако се породи по втор пат.

Актерката позираше без трошка шминка и разбушавена, но и покрај тоа, ги воодушеви своите следбеници, па комплиментите за нејзиниот изглед само се редеа.

„Што ѝ се случи по породувањето? Никогаш не изгледала подобро“, „Конечно изгледа среќно“, „Првата ќерка ја врати во живот, а по втората блеска“, „Хурем се врати! Темните денови конечно се зад неа“ се дел од коментарите.

Да потсетиме, Мерием ја доби својата ќерка Лара со нејзиниот поранешен партнер, брокерот Кан Атеш. Кога дозна дека е бремена, Кан ја остави, по што доживеа нервен слом и се обиде да се самоубие скокајќи од балконот, по што заврши во психијатриската болница во Берлин.

Убавата Хурем тогаш целосно се повлече од јавниот живот, а потоа се опорави, се врати во актерството и се посвети на својата наследничка. Со години живее со својата ќерка во Берлин и честопати е многу блиска и поврзана со неа и ја нарекува „љубовта на нејзиниот живот“.

Сега е среќна во љубовта и со својот партнер го доби второто, заедничко прво дете, ќерката Лил Кои и вели дека е заљубена, но не сакаше да ѝ открие на јавноста кој е нејзиниот партнер.

escort - Korsan taksi