И ако е пандемија, не мора да е се така најцрно: Гавазова најавува втор дел од големиот хит „Бум, бум“!

9 април, 2021
bum bum

Не попусто е кажано „Песната нè одржа, нејзе да ѝ бидеме благодарни“. Тоа е жива вистина. Во историјата на човештвото секогаш имало несреќи, ужасни војни, разни епидемии, но да знаете дека само песната ги одржала луѓето да останат со верба за подобро утре, вели Гавазова за весникот ВЕЧЕР

Сузана Гавазова, една од најбараните и најомилените македонски пејачки, не само поради песните туку и поради својот добар изглед, после минатогодишниот голем хит „Бум, бум, бум“ и тоа сред пандемија кога и самата не очекуваше дека толку ќе се слуша, сега најавува втор дел од таа музичка приказна.

-Песната „Бум, бум….“ и мене ми даде надеж дека ќе и се вратиме на естрадата, на концертните настапи. Затоа подготвувам втор дел од овој хит. За жал, сето ова предолго трае, а и рака на срце, додека луѓето умираат од пустата болештина, тешко ми е да запеам. Но, што да се прави, животот мора да оди понатаму. Во историјата на човештвото секогаш имало несреќи, ужасни војни, разни епидемиии, но знаете дека само песната ги одржала луѓето да останат со верба за подобро утре. Не за џабе е кажано „Песната нè одржа, нејзе да ѝ бидеме благодарни“.

Тоа е жива вистина!
Ако се сеќавате кога во онаа трагична битка на Неретва, заболени од тифус, 4.000 партизани со песната се бореа против посилниот фашистички окупатор. Сега со песната да се бориме и ние против пандемијата, да му се вратиме наскоро на вистинското живеење, вели за весникот ВЕЧЕР оптимистички оваа атрактивна пејачка, воедно и горда мајка на две ќеркички.  

Преземено од vecer.press

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi