Целосно тетовираниот Французин ги отсече носот и усните, бидејќи сака да изгледа како црн вонземјанин: „Јас сум на 20 проценти од посакуваното…“

26 јануари, 2021
o_9965139_480

Носот го оперирал во Шпанија, бидејќи постапката е нелегална во Франција, од каде што потекнува.

Зависникот од тетоважа и „естетска“ хирургија, Французинот Ентони Лофредо, има само една желба, а тоа е да изгледа како црн вонземјанин.

32-годишникот претходно го покрил своето тело со тетоважи, па дури и ги истетовирал белките во црно и го пресекол и јазикот на половина.

Откако ги отстрани носот и горната усна, тој призна дека има проблеми со говорот, но тоа не го намали неговиот ентузијазам.

Својата драматична физичка трансформација ја документира на Инстаграм каде го следат 278 илјади луѓе, а сега тој тврди, дека е само 20 проценти од она што го замислил.

Носот, вели тој, го оперирал во Шпанија, бидејќи постапката е нелегална во Франција, од каде потекнува. Имено, освен пирсинг и тетоважи, други модификации што предизвикуваат телесни повреди се нелегални во повеќето европски земји.

Неговиот сон е целосно да ја замени кожата со метал, а рацете, стапалата и прстите, како и задниот дел од главата, се на ред за модификација.

Уште во 2017 година, тој рече дека е опседнат со мутации и трансформации на човечкото тело уште од рана возраст.

Кога работел како чувар во раните дваесетти години, сфатил дека не го живее животот каков што посакува и тука се случило „кликнувањето“.

„За мене стана нормално да размислувам што ќе правам во следните неколку месеци“,рече Лофредо, кој сега живее во Монпелје.

Тој ужива да биде во „кожата на застрашувачки ликови“.

Често влегувам во улоги, особено навечер во темните улици. Го истражувам контрастот помеѓу улогата што ја играм и себеси – изјави тој.

escort - Korsan taksi