Ѕвездата на филмовите за возрасни купи луксузен замок од 3,9 милиони долари!

26 јануари, 2021
profimedia-0311632914-460x0-1

Атрактивната русокоса купи огромен „замок од бајките“ во кој има фантастичен простор за уживање

Американската порно sвезда Миа Малкова (28) неодамна купи вистински „замок од бајките“ во Портланд, Орегон, за 3,9 милиони долари.

Имено, 28-годишната порно актерка купи замок на кој има 1.207 м2 простор за живеење. Вилата има пет спални соби и пет бањи, како и безброј соби за уживање.

Вилата се наоѓа на имот што се простира на 6,4 хектари земја и е опкружен со борови шуми и прекрасна природа за прошетка.

Она што е интересно е дека замокот има дури 70 дрвени врати кои се направени по мерка и се увезуваат од Европа, додека на покривот има бројни куполи – што дава впечаток дека станува збор за вистински замок од бајките.

Во луксузната ретро-вила може да се видат бројни оклопни одела, а бидејќи е направена од камен, изгледа како да е направена пред неколку стотици години.

Вилата има библиотека, теретана, домашно кино и визба за вино, па така порно актерката има многу места за одмор и забава.

На имотот има два гаражни места за автомобили, додека пред куќата има голем двор каде може да се паркираат уште 20 гости.

Да потсетиме, убавата порно sвезда беше во брак од 2014 до 2018 година со британскиот порно актер Дени Маунт – кој има 36 години и има уште еден брак и дете зад себе, но тој брак пропадна, па Миа моментално е сингл.