МОЖЕТЕ САМО ДА ЈА СОНУВАТЕ Ѕирнете во луксузната вила на Опра Винфри

29 април, 2021
Oprah-Winfrey

Легендарната водителка е сосетка на принцот Хари и Меган Маркл

Имала тешко детство, но легендарната 76-годишна водителка Опра Винфри еднаш рече дека сака да ги потисне тешките спомени. Ниту една катастрофа не ја спречи да и се посвети на кариерата. Денес има богатство вредно милијарди долари.

oprah winfrey

Иако нејзините почетоци беа скромни, Опра денес знае како да ги „закова“ гледачите за малите екрани. Интервјуто со принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл беше голем плус за нејзината брилијантна кариера. А токму Винфри е нивна сосетка во Монтесито, населба во Калифорнија, каде што сега живее парот. Водителката има вила за која многумина можат само да сонуваат.

oprah winfrey

Опра ја купи вилата во 2001 година за 50 милиони долари. Две децении подоцна вредноста на нејзиниот дом се проценува на импресивни 100 милиони долари.

Водителката во нејзината вила има многу спални соби, базен, визба за вино, кино… Опра има и отворен летниковец каде што може да го чита весникот во мир со утрински чај. И нејзината куќа е опкружена со добро одгледувана градина во која напредуваат различни видови цвеќиња, украсни грмушки и зеленило.

oprah winfrey

“Немав градина кога бев мала, само една грмушка хортензија пред тремот на баба ми”, рече Опра во една пригода. Сега таа надокнади и засади стотици бели хортензии во спомен на нејзината баба.

И нејзината дневна соба има полици за стотици книги. Кога пред десетина години ја украсувала куќата, Опра објаснила дека повеќе не сака да живее луксузно, а особено не сака да има раскошна трпезарија.

oprah winfrey

Огромниот ходник на Опра е направен од сјаен дрвен под и има големи прозорци со поглед на пејзажот во Калифорнија. Но, кога треба да се заврши работата, Опра се упатува кон луксузната канцеларија и честопати е заглавена во дизајнерското кожно столче.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi