Сè излезе на виделина – Откриено е вистинското лице на војвотката од Сасекс, односот со нејзиното семејство е вистински ужас!

12 јуни, 2021
1_621

Односот на поранешната актерка со членовите на нејзиното потесно и пошироко семејство е доведен во прашање многу пати досега.

Анонимен роднина на Меган Маркл изјави дека таа повеќе нема да разговара со своето семејство и дека се однесува како да припаѓа на „другата социјална класа“ , што прави да се однесува како да е „над нив“.

Неименуваниот извор близок на семејството Маркл, зборуваше за војвотката од Сасекс, обвинувајќи ја за занемарување на поширокото семејство, но и потенцираше дека сигурно не сакаат да ги средат односите со неа.

  • „Очигледно е дека сме во различни социјални класи и дека повеќе нема да бидеме во контакт. Сепак, не треба да биде така – да ве прифаќаат и сакаат само ако припаѓате на одредена класа„ – раскажува оваа личност, која не сакаше да открие во каква роднинска врска е со убавата актерка.

И покрај фактот дека Меган сега живее со принцот Хари и децата во нејзината родна Калифорнија и фактот дека таа е физички близу до своите роднини, овој извор тврди дека е скоро невозможно тие некогаш да се видат повторно.

  • „Раздорот е исклучиво нејзин избор и не планираме да го поправиме затоа што не сакаме да трчаме по некој што не сака да разговара со нас.“

Иако е познато дека оваа 39-годишна војвотка е неверојатно блиска со нејзината мајка Дорија, која дури живее со Меган и помага во воспитувањето на децата, се чини дека таа нема блиски односи со некој друг во нејзиното потесно и пошироко семејство .

Да потсетиме, ова не е прв пат да се слушаат обвинувања дека Меган го занемарува своето семејство – таа има многу бурни односи со нејзиниот татко Томас и полусестрата Саманта, кои повеќепати јавно излегуваа со груби зборови упатени кон Меган, па дури и само неколку дена откако Меган и Хари објавија дека се родило нивното второ дете, ќерката Лилибет.

escort - Korsan taksi