Синот на Том Хенкс обвинет за злоставување! Тој вели дека знаел што му се подготвува: „Ова е обид за изнуда“

7 април, 2021
tom

Синот на Том Хенкс и Рита Вилсон, Чет Хенкс (30) зборуваше за прв пат во јавноста откако неговата поранешна девојка Кијана Паркер побара забрана за него поради наводна злоупотреба во врската.

Имено, Чет на својот Инстаграм профил објави подолга изјава во која ги негира обвинувањата за злоупотреба.

Вознемирениот музичар, кој неодамна ја објави својата рап-нумера наречена „White Boy“, рече дека неговата поранешна девојка само се обидува да извлече пари од него.

Минатата недела во јавноста протече видео на кое се гледа како Хенкс и Паркер се расправаат во нивниот дом во Тексас. На видеото, Хенкс се снимаше како шета низ куќата со расекотина на челото.

Тој ѝ се развикал на неговата поранешна девојка дека таа се обидела да го нападне со нож, а во позадина Паркер ги негиралa обвинувањата.

„ Бев предупреден дека наскоро ќе започне приказна, за која знаев дека доаѓа со месеци и дека тоа е само еден злобен обид да се изнудат пари од мене и да се убие мојот лик “ – напиша Чет.

Неодамна, Хенкс поднесе граѓанска тужба против Паркер, тврдејќи дека украла пари од него „за да плати патни трошоци за неа и нејзиниот пријател“, како и дека ја искористила неговата кредитна картичка за да плати закупнина што чини повеќе од 5.000 американски долари “.

Адвокатот на Хенкс, Марти Сингер се огласи по скандалот:

„ Ден откако Чет Хенкс се судри со Кијана Паркер за кражба на пари од неговата сметка, Паркер се појави придружувана од огромен човек кој носеше пиштол и го нападна Чет со нож, поради што обилно крвареше. Сè е во видеото кое ја раскажува целата приказна. Нејзините обвинувања за злоупотреба се целосно лажни, измислени и вистинска фикција“ – заклучи адвокатот.

escort - Korsan taksi