Заработи повеќе од 3.000 долари на зезанција! Ние ви гарантираме дека никогаш нема да претпоставите што правеше таа!

26 февруари, 2021
spavanje

Популарната тајванска стримерка заработи многу пари за само пет часа и сите се прашуваат што прави: не, немаше секс пред камера и не – не беше гола.

Не само азиските, туку и светските медиуми зујат за Ванг Зиминг, а причината е генијален трик со кој ги натера луѓето да ја гледаат во живо пет часа и на тој начин заработи над 3.000 долари.

Ванг, поранешна поп-sвезда, се приклучи на Twitch, платформа за стриминг, кон крајот на минатата година и наскоро стана една од најпопуларните стримерки во земјата. Обично игра видео игри и разговори со обожаватели, но вчера решила да проба нешто сосема друго. Таа тестираше колку луѓе би биле заинтересирани да ја гледаат додека спиела!

Таа се пријавила на својата сметка на Twitch во вообичаеното време, околу 17 часот, но наместо препознатлив амбиент, гледачите пронашле потполно неочекувана глетка – лежела на креветот! Таа остана во таа позиција до 22 часот, кога се разбуди. За тоа време, успеа да привлече десетици илјади гледачи, кои внимателно гледаа што ќе се случи следно!

Сè што направи Ванг за време на овој стриминг беше да стави маска на нејзините очи на самиот почеток. Тоа е единствената акција, единственото нешто што се случи за овие 5 часа, ако не ја сметате мачката што ползи на креветот. Благодарение на донациите и рекламирањето, Ванг успеа да собере околу 3.000 американски долари.

И што направија оние што го гледаа овој пренос? Тие коментираа за позицијата во која спие, дали ќе отвори уста, ‘рчи и слично, што значи дека сигурно не им било досадно…

Еве како изгледаше ….

escort - Korsan taksi