ИРИНА ШАЈК ВЛЕЧЕ ГОЛЕМА ТРАУМА ОД ДЕТСТВОТО! „Ми држеше пиштол до главата, уште од тогаш…“

5 април, 2021
265373_irina-2-ap_f

Младата руска манекенка откри детал од животот што го знаеја само нејзините најблиски луѓе.

Ирина Шајк не сака да споделува детали од приватниот живот, но сега направи исклучок. Манекенката го призна непријатното искуство што ѝ се случило кога била мала и откри какви последици ѝ оставило тоа, пренесуваат медиумите.

– Кога имав шест години, нè ограбија. Ја отворив вратата и налетав на три маскирани лица, од кои едниот ми држеше пиштол за главата. Излезе дека ги испратил најдобриот пријател на татко ми. Можеби затоа немам многу пријатели, тешко ми е да им верувам на луѓето. Не сум зборувала претходно на оваа тема – признава Ирина.

Таа додаде дека за неа е многу важно нејзината ќерка Леа, која ја доби со актерот Бредли Купер, да биде свесна од каде им се парите и да ги почитува.

escort - Korsan taksi