Излезе првата песна на Атиџе – Ѕвездата на „Медена земја“ сними дует со Сузана Турунџиева (ВИДЕО)

24 март, 2021
атиџе сними песна

Документарниот филм „Медена земја“ ја однесе Атиџе до Холивуд, но по нејзиното враќање речиси сите ја заборавија нејзината тешка судбина и куќарката во која живееше. За среќа се најдоа неколку хумани граѓани кои се решија да и помогнат и да го реновираат нејзиниот дом во Дорфулија, а една од нив е и пејачката и водителка Сузана Турунџиева.

Се чини дека уште од моментот кога се запознаа тие две се поврзаа со нивните тешки судбини, па решија да останат во контакт постојано. Сузе за првпат во животот на Атиџе и го прослави роденденот, и тоа не еден ден, туку дури три.

Многу се пишуваше за нивното пријателство, а сега таа успеа да и го острави и сонот да стане пејачка па заедно снимија дует, а ова е само уште еден огромен гест на нашата пејачка за помош на ѕвездата од „Медена земја“. Песната носи наслов „Иста судбина“.

Сузе го одржа ветувањето и заедно со Атиџе ја снимија песната, исполнувајќи ѝ ја желбата да стане музичка ѕвезда, а токму таа песна вчера го здогледа светлото на денот. Слушнете ја во продолжение:

Преземено од skopje24.mk