ЈАШАР ОТКРИ НЕПОЗНАТИ ДЕТАЛИ ОД КАРИЕРАТА НА ПОКОЈНИОТ ТОШЕ: Го исфрлија од натпреварувањето! (ФОТО)

18 март, 2021
jasar03 Alo Nenad Vujanovic_1000x0_1000x0

Скоро и да нема човек на Балканот кој не уживал во гласот на Тоше Проески

Јашар Ахмедовски, еден од ретките пејачи кој успеа да ја зачува својата приватност од јавноста, ретко дава интервјуа, па дури и кога тоа го прави, нема желба да открие многу.

Сепак, ја отвори душата и зборуваше на разни теми, откривајќи многу досега непознати детали од животот.

Меѓу другото, тој се сети на неговиот покоен колега Тоше Проески, и откри какви потешкотии имал на почетокот на кариерата.

– По смртта на Ипче, го направив „Ипче фест“ во Лажани, каде дојдоа 30,40,000 луѓе. Дури и Тоше Проески дојде и се пријави на конкурсот, но тој не се натпреваруваше, бидејќи сепак стануваше збор за народна музика, па го исфрлија од натпреварувањето. Јас не бев во жирито, другите луѓе така проценија. После тоа, поради некои политички случувања во Македонија, тој фестивал исчезна – рече Јашар во шоуто „Печат во времето“.

escort - Korsan taksi