КАДЕ СЕ И ШТО ПРАВАТ ДЕЦАТА НА МАЈКЛ ЏЕКСОН: Зошто никој од нив не го користи богатството на својот татко?

22 март, 2021
245169_profimedia0108538880_ls

По смртта на нивниот татко, Парис, Принц и Мајкл – мораа да се борат сами за себе

Поминаа 12 години од смртта на Мајкл Џексон, кралот на поп музиката. Зад себе остави семејство, пријатели, армија обожаватели, но и многу табу-теми. Неговата смрт го сврте центарот на вниманието на неговите деца, кои дотогаш беа заштитени од јавноста.

По смртта на пејачот, за Мајкл Џозеф Џексон, Парис Џексон и Принц Мајкл Џексон Втори (сега познат како Биги Џексон) ништо не беше исто – останува на нив сами да си го најдат патот низ животот.

Иако се многу блиски, секое од трите деца на essесон е независно на свој начин, пишува cheatsheet.com

Сите тие живеат самостојно, без да се потпираат на другите.

Принц Мајкл Џексон Втори

Најмалото дете на кралот на поп музиката, долго време беше енигма за многумина, бидејќи беше исклучително внимателен во однос на неговата приватност. До неговата 18-та година, скоро и да не знаевме како изгледа. Неодамна, Биги Џексон (го смени името кога наполни 18 години) купи куќа во Калабасас, Калифорнија, недалеку од местото каде живее неговата баба Кетрин Џексон. Иако наследи пристојни пари, Биги работи со коментирање филмови на Јутјуб, од неговиот канал „Филмско семејство“.

Парис Џексон

Единствената ќерка на Мајкл Џексон е девојка со извонредна убавина. Со екстремно сини очи и бел тен, Парис се прослави како модел, а често сака да кажува дека е и актерка. Таа имаше неколку забележителни улоги во филмови, но и во ТВ сериите, а покажува најмногу талент на модните писти. Покрај манекенството и глумата, Парис пее и има свој бенд. Во 2017 година живееше во куќа вредна 2 милиони долари во кањонот Топанга, но подоцна се пресели во Лос Анџелес, каде живее и денес.

Мајкл Џозеф Џексон, кој се нарекува себеси принц, е најстариот син на Мајкл Џексон. Кога имал 23 години, завршил факултет со највисоки оценки, а поседува и добротворна организација. Инспириран од добротворната работа на неговиот татко, принцот Џексон има идеја да спасува сиромашни и гладни деца, бездомници и злоставувани.

“Растејќи, имав можност да го видам влијанието што го имаше татко ми врз малите деца што ги посетуваше во болниците. Тој всушност само се обидуваше да им го разубави денот, како знаеше и умееше. Бидејќи беше позната личност, тој можеше и да ги инспирира тие млади луѓе.

Не се чувствувам надарен и талентиран како што беше татко ми, но чувствувам дека треба да ја продолжам таа порака за љубов, да бидам љубезен и да им помагам на другите. Чест ми е да го продолжам наследството “, изјави Мајкл Џозеф за медиумите.

Принцот Џексон живее на имот вреден 2 милиони долари што го купи сам во Лос Анџелес.

escort - Korsan taksi