Кајли за прв пат во јавност откако откри дека е бремена: Го покажа стомакот во проѕирен комбинезон

11 септември, 2021
profimedia-0607296896-830x0

„Секси мама“, „Изгледаш божествено“, „Секогаш била оригинална“, „Преубава“, се само дел од коментарите на фановите

Кајли Џенер, најмладата членка на семејството Кардашијан-Џенер, собра огромно богатство благодарение на нејзиниот бренд, а неодамна ја објави големата вест дека очекува принова со нејзиниот партнер раперот Тревис Скот, со кого веќе ја има ќерката Сторми.

Иако неколку месеци ја криеше добрата вест од јавноста, таа се појави на еден роденден и го покажа трудничкиот стомак, но и специфичниот аутфит.

Кајли избра необичен, транспарентен комбинезон со чипка, на познат американски дизајнер, во кој нејзиниот стомак дојде до израз.

Модните познавачи веднаш се сетија како нејзината сестра Ким носеше сличен аутифит во 2015 година додека беше бремена, а очигледно Кајли тоа го изведе многу добро.

„Секси мама“, „Изгледа божествено“, „Секогаш била оригинална“, „Преубава“, се само дел од коментарите на фановите, додека имаше и негативни.

„Зошто една трудница шета скоро гола?“, „Не и прилега вака да се облекува“, „Бремена жена, овој стајлинг никако“…

Инаку, Кајли ја криеше својата прва бременост од очите на јавноста до пораѓајот, додека овој пат среќната вест за доаѓањето на бебето ја објави преку социјалните мрежи со емотивно видео.

Како изгледа бремената Кајли во овој необичен стајлинг, погледнете во галеријата во текстот.

escort - Korsan taksi